Како да додадете повеќе јазици на вашиот веб-сајт?

Вебстриан ви овозможува да го преведете својот веб-сајт на еден или повеќе јазици. 

За да додадете нов јазик, потребно е да го направите следново:

  · Преку административниот дел за јазици да поставите нов јазик на вашиот веб-сајт.
  · Во заглавјето од страниците на веб-сајтот да го поставите елементот за избор на јазик.

Горенаведеното се постигнува со извршување на следните чекори:

1. Додадете нов јазик на својот веб-сајт преку левото административно мени, со избор на “Систем -> Јазици -> Сите јазици”. Потоа, во горното мени кликнете на линкот “Додади нов јазик”.

2. На административната страница за додавање на нов јазик, изберете го јазикот на којшто сакате да се прикажуваат страниците. Сите јазици кои ги поддржува системот се наведени во паѓачкото мени од кое треба да го изберете  новиот јазик. Потоа, изберете ја опцијата “Објавено” со што новиот јазик ќе биде видлив во елементите за промена на јазик. Тука внесете го и редниот број на прикажување на јазикот што сте го додале. На крај, за да ги зачувате промените, кликнете на копчето “Зачувај”.

3. Преку менито или преку линкот во горниот десен агол вратете се назад до сите јазици. Овде може да поставите кој јазик е предефиниран за вашиот веб-сајт, односно на кој јазик ќе се отвора веб-сајтот првенствено.

4. Додадете го елементот за повеќејазичност на јавниот дел од веб-сајтот. Преку него вашите посетители ќе можат да го одберат јазикот на којшто сакаат да им се прикажува содржината. Препорачливо е елементот да стои во горното заглавје. Најдобро е да го поделите заглавјето на повеќе колони и во една од нив да да го додадете елементот за промена на јазик. За да го направите тоа, од панелот со елементи што се отвора со кликнување на линкот “Додади елемент”, изберете го елементот „Јазици и валути“.

5. Во прозорецот со опции за елементот, означете ја опцијата со која се прикажуваат јазиците и дополнително одберете какво да биде порамнувањето: лево, десно или централно. Кликнете на копчето “Ок” за да ги зачувате промените.

Откако ќе додадете нов јазик во системот, ви останува уште да ги преведете постоечките веб-страници на новиот јазик. Во десниот административен панел ќе ви се појави паѓачко мени каде што ќе може да го изберете јазикот на којшто ќе ја уредувате страницата.

Со промена на јазикот од ова мени, системот автоматски ја прикажува страницата на соодветниот јазик. Доколку при промената на јазикот, страницата за тој јазик не постои, системот ќе ви прикаже прозорец преку кој го внесувате преводот на нејзиното име, како  и можност да одберете дали елементите од тековната страница да ги пренесе и во преведената страница.