Како да додадете празен простор помеѓу елементите?

Додавањето на празен простор помеѓу елементите ќе ви помогне да ги разделите елементите еден од друг, со што вашиот веб-сајт ќе стане визуелно „почист“ и почитлив.

За да додадете празен простор помеѓу елементите треба да го направите следното:

1. Кликнете на линкот „Додади елемент“ поставен помеѓу елементите што сакате да ги разделите.

2. Во прозорецот што ќе ви се отвори, кликнете на второто јазиче, односно на табот „Структура“.

3. Кликнете на елементот „Празен сепаратор“ и истиот веднаш ќе биде поставен на вашата веб-страница.

4. Поминете со „глувчето“ врз празниот сепаратор за да може да го фатите и да го повлечете надолу или нагоре со што ќе го регулирате празниот простор помеѓу елементите.

Важно: Со празниот сепаратор може да оставате празен простор под и над елементите што ги користите. Доколку сакате да поставите елементи едно до друго и да го регулирате просторот лево и десно од нив, тогаш треба елементите да ги поставите во колони и да го регулирате просторот помеѓу колоните.