Како да додадете секција „Архива на блог статии“ на вашиот блог?

За да додадете секција „Архива на блог-статии“ најпрво треба да одберете структурата на блог страницата да биде со две колони или додатно да ја поделите страницата на колони. Дознајте како да го направите тоа во „Додадете колони - > Како да ја поделите веб-страницата на колони?“

Откако ќе го поделите блогот на колони, поставете ја секцијата „ Архива на блог-статии“ на следниот начин:

1. Кликнете на линкот „Додади елемент“ во една од колоните. Најчесто вакви секции се поставуваат во десната колона.

2. Во панелот со елементи што ќе ви се отвори, кликнете на третото јазиче „Блог и вести“, а потоа одберете го елементот „ Архива на блог-статии“. На вашиот блог веднаш ќе се појави оваа секција и во неа системот автоматски ќе ги прикаже сите блог-статии организирани според месецот/годината на објавување.

 3. Доколку сакате над секцијата да додадете наслов, како на пример „Архива“, треба над неа да кликнете на линкот „Додади елемент -> Наслов“.