Како да додадете секција „Архива на вести“ на вашиот веб-сајт или веб-портал?

За да додадете секција „Архива на блог-статии“ најпрво треба да одберете структурата на страницата од вашиот веб-сајт/веб-портал да биде со две колони или додатно да ја поделите страницата на колони. Дознајте како да го направите тоа во „Додадете колони - > Како да ја поделите веб-страницата на колони?“

Откако ќе ја поделите страницата на колони, поставете ја секцијата „Архива на вести“ на следниот начин:

1. Кликнете на линкот „Додади елемент“ во една од колоните. Најчесто вакви секции се поставуваат во десната колона.

2. Во панелот со елементи што ќе ви се отвори, кликнете на третото јазиче „Блог и вести“, а потоа одберете го елементот „ Архива на вести“. На вашиот веб-сајт/веб-портал веднаш ќе се појави оваа секција и во неа системот автоматски ќе ги прикаже сите вести организирани според месецот/годината на објавување.

 3. За да додадете наслов (на пример „Архива“) над оваа секција треба над неа да кликнете на „Додади елемент -> Наслов“.