Како да додадете секција „Најнови блог-статии“ на вашиот блог?

За да додадете секција „Најнови блог-статии“ најпрво треба да одберете структурата на блог страницата да биде со две колони или додатно да ја поделите страницата на колони. Дознајте како да го направите тоа во „Додадете колони - > Како да ја поделите веб-страницата на колони?“

Откако ќе го поделите блогот на колони, поставете ја секцијата „Најнови блог-статии“ на следниот начин:

1. Кликнете на линкот „Додади елемент“ во една од колоните. Најчесто вакви секции се поставуваат во десната колона.

2. Во панелот со елементи што ќе ви се отвори, кликнете на третото јазиче „Блог и вести“, а потоа одберете го елементот „Најнови блог-статии“. На вашиот блог веднаш ќе се појави оваа секција и во неа системот автоматски ќе ги прикаже сите блог-статии што биле објавени последни.

 3. За да додадете наслов, како на пример „Најново“ или „Најнови блог-статии“, треба над секцијата што ќе се појави на вашиот блог да одберете „Додади елемент -> Наслов“.