За да додадете секција „ Најнови вести “ најпрво треба да одберете структурата на страницата за вести да биде со две колони или додатно да ја поделите страницата на колони. Дознајте како да го направите тоа во „Додадете колони - > Како да ја поделите веб-страницата на колони?“
Откако ќе ја поделите страницата на колони, поставете ја секцијата „Најнови вести“ на следниот начин:
1. Кликнете на линкот „Додади елемент“ во една од колоните. Најчесто вакви секции се поставуваат во десната колона.
2. Во панелот со елементи што ќе ви се отвори, кликнете на третото јазиче „Блог и вести“, а потоа одберете го елементот „Најнови вести“. На вашиот веб-сајт/веб-портал веднаш ќе се појави оваа секција и во неа системот автоматски ќе ги прикаже сите вести што биле објавени последни.
3. За да додадете наслов, како на пример „Најново“ или „Најнови вести“, треба над секцијата што ќе се појави на страницата да кликнете на „Додади елемент -> Наслов“.