За да додадете секција „Популарни блог-статии“ најпрво треба да одберете структурата на блог страницата да биде со две колони или додатно да ја поделите страницата на колони. Дознајте како да го направите тоа во „Додадете колони - > Како да ја поделите веб-страницата на колони?“
Откако ќе го поделите блогот на колони, поставете ја секцијата „Популарни блог-статии“ на следниот начин:
1. Кликнете на линкот „Додади елемент“ во една од колоните. Најчесто вакви секции се поставуваат во десната колона.
2. Во панелот со елементи што ќе ви се отвори, кликнете на третото јазиче „Блог и вести“, а потоа одберете го елементот „Популарни блог-статии“. На вашиот блог веднаш ќе се појави оваа секција и во неа автоматски ќе бидат прикажани сите блог-статии што сте ги обележале како „популарни“.
- За да обележите некоја статија како популарна, кога ќе ја пишувате, во десното административно мени штиклирајте ја опцијата „Популарен“.
3. Доколку сакате да додадете наслов, како на пример „Популарно“ или „Популарни статии“ треба над секцијата што ќе се појави на вашиот блог да одберете „Додади елемент -> Наслов“.