Како да додадете секција „Популарни вести“ на вашиот веб-сајт или портал?

За да додадете секција „Популарни вести“ најпрво треба да одберете структурата на страницата за вести да биде со две колони или додатно да ја поделите страницата на колони. Дознајте како да го направите тоа во „Додадете колони - > Како да ја поделите веб-страницата на колони?“

Откако ќе ја поделите страницата на колони, поставете ја секцијата „Популарни вести“ на следниот начин:

1. Кликнете на линкот „Додади елемент“ во една од колоните. Најчесто вакви секции се поставуваат во десната колона.

2. Во панелот со елементи што ќе ви се отвори, кликнете на третото јазиче „Блог и вести“, а потоа одберете го елементот „Популарни вести“. На вашата страница веднаш ќе се појави оваа секција и во неа автоматски ќе бидат прикажани сите вести што сте ги обележале како „популарни“.

- За да обележите некоја вест како популарна, кога ќе ја пишувате, во десното административно мени штиклирајте ја опцијата „Популарен“.

3. Додадете наслов (пр. „Популарно“ или „Популарни вести“) така што над секцијата што ќе се појави на вашата страница, одберете „Додади елемент -> Наслов“.