Како да додадете слика на вашата веб-страница?

1. Кликнете на линкот „Додади елемент“ што е поставен насекаде низ страниците на вашиот веб-сајт додека сте во административниот панел.

2. Во панелот „Додади елемент“ што ќе ви се отвори, одберете го елементот „Слика“.

3. Ќе ви се отвори прозорецот „Опции за слика“. Во него кликнете два пати врз полето за слика или само еднаш на линкот „Додади слика“.

4. Во горниот дел од директориумот со слики што ќе ви се отвори, кликнете на копчето „Мој компјутер“.

5. Ќе се отвори нов прозорец преку кој ќе може да го пребарувате својот компјутер за да ја одберете сликата што сакате да ја додадете. Кликнете на таа слика два пати или, пак, кликнете само еднаш на сликата, а потоа на копчето „Open“. Со тоа вашата слика ќе биде додадена во медија-галеријата на Вебстриан.

6. Кликнете два пати на сликата или кликнете само еднаш на неа и еднаш на копчето „ОК“.

7. По овој чекор ќе се вратите назад кај прозорецот „Опции за слика“. Тука, доколку сакате, може да го дефинирате порамнувањето на сликата на вашата веб-страница (лево, централно или десно), може да додадете линкови на сликата кои ќе водат до внатрешни или надворешни веб-страници, како и да додадете текст (име/опис) на сликата.

8. Кликнете на копчето „ОК“ и сликата ќе биде додадена на вашата веб-страница, односно ќе се постави веднаш под линкот „Додади елемент“ што го кликнавте на почетокот.

Како да додадете наслов на вашата веб-страница?

1. Кликнете на линкот „Додади елемент“ што е поставен насекаде низ страниците на вашиот веб-сајт додека сте во административниот панел.
2. Во панелот „Додади елемент“ што ќе ви се отвори, одберете го елементот „Наслов“.

3. Веднаш ќе ви се појави нов прозорец „Опции за насловот“. Тука, во полето „ Текст за наслов“, внесете го вашиот наслов, а потоа одберете ја големината на насловот, како и начинот на којшто сакате да биде порамнет на веб-страницата (лево, централно или десно).

4. Притиснете на копчето „ОК“ и насловот ќе биде поставен на вашата веб-страница, односно веднаш под линкот „Додади елемент“ што го кликнавте на почетокот.

Како да додадете текст на вашата веб-страница?

1. Кликнете на линкот „Додади елемент“ поставен насекаде низ страниците на вашиот веб-сајт кога сте во административниот панел.

2. Во панелот „Додади елемент“ што ќе ви се отвори, одберете го елементот „Текст“. На вашата веб-страница веднаш ќе се појави поле со текст (т.н. „Lorem ipsum“ или демо текст).

3. Пројдете со „глувчето“ врз полето со текст и ќе ви се појават алатките за уредување на текстот што се многу слични на оние кои секојдневно ги користите во ворд-документите.

4. Внесете го својот текст на местото на демо текстот и уредете го по ваша желба. Одберете фонт, големина на фонтот, начин на порамнување на текстот, ставете задебелени или курзивни букви, подвлечете дел од зборовите итн.