Сведоштва, односно изјави на ваши задоволни корисници, може да додавате на следниот начин:
1. Преку левото административно мени, со кликнување на „Сведоштва -> Додади ново сведоштво“ (начин 1) или, пак, со кликнување на линкот „Додади елемент - > Сведоштва“ по што на вашиот веб-сајт ќе се појави поле за сведоштвата. Кликнете два пати врз него за да ви се отвори прозорецот за уредување „Опции за сведоштвото“ (начин 2).
2. Во полето „Јазик“ одберете го јазикот на сведоштвото доколку вашиот веб-сајт е преведен на повеќе јазици. Доколку не е преведен, ова поле не може и не треба да го менувате.
3. Во полето „Системско име“ внесете го системското име на сведоштвото. Ова име ќе биде видливо само во вашиот административен панел и нема да им се прикажува на посетителите на вашиот веб-сајт. Системското име ви е потребно за полесно пронаоѓање и уредување на сведоштвата во вашиот систем во иднина.
4. Во полето „Од“ внесете го личното име на задоволниот корисник/клиент којшто го дал сведоштвото за вашите услуги, производи или сервиси.
5. Во полето „Содржина“ внесете ја изјавата на вашиот задоволен корисник/клиент, односно напишете го текстот на сведоштвото.
6. Кликнете „ОК“ за да го додадете сведоштвото на вашиот веб-сајт.
7. За да додадете повеќе сведоштва кои ќе ротираат едно по друго, поминете со „глувчето“ врз елементот „Сведоштва“ поставен на вашиот веб-сајт. Кликнете на „Додади“ во горниот лев агол и повторно ќе ви се отвори прозорецот „Опции за сведоштвото“ каде што ќе треба да го додадете новото сведоштво.
8. За да промените некое сведоштво кое веќе сте го додале, поминете со „глувчето“ врз елементот „Сведоштва“ поставен на вашиот веб-сајт и во горниот лев агол кликнете на „Измени“. Ќе ви се отвори листата на сите сведоштва од каде што ќе може да го изберете и уредите кое било сведоштво.