Како да додадете вести на веб-сајтот?

Платформата на Вебстриан содржи вебсајт-дизајни кои имаат страници со веќе однапред креирани вести. Затоа, начинот на додавањето на вести на вашиот веб-сајт ќе зависи од тоа дали ќе ги избришете поставените пример-страници за вести од вашиот веб-сајт или ќе ги менувате/уредувате постоечките вести.

Како да додадете вести во случајот кога пример-страниците за вести сте ги избришале?

За да поставите вести на вашиот веб-сајт во овој случај, потребно е да го направите следното:

1. Да напишете вест

- За да ја напишете вашата вест одете во левото административно мени и кликнете на „Вести -> Додади нови вести“. Ќе ви се отвори прозорецот „Нова вест“ каде што ќе треба да ја внесете вашата содржина во празните полиња.

2. Да креирате страница за вести

- За да го направите тоа, во левото административно мени кликнете на „Страници -> Додади нова страница“ и тука треба најпрво да ја одберете структурата на страницата (препорачливо е да изберете структура со две колони), а потоа од паѓачкото мени под „Тип на страница“ да одберете „Листа со вести“. На крај, додадете наслов на страницата како „Вести“ или „Новости“. Полето за интернет адреса ќе се пополни автоматски и ќе биде во латиничен испис. Ви препорачуваме да не го менувате. Откако ќе кликнете на копчето „Зачувај и продолжи“, системот ќе искреира за вас празна страница за вести.

3. Да го поставите елементот за вести на веб-страницата

- Откако ќе ја искреирате страницата за вести, со цел вестите да бидат прикажани на вашиот веб-сајт, потребно е да го поставите елементот „Вести“. Овој елемент е поставен во панелот „Додади елемент“, поточно во неговото трето јазиче (таб) - „Блог и вести“. Само додадете го елементот „Вести“ и веднаш на вашата веб-страница ќе се појави листата со сите напишани вести.

Како да додадете вести на веб-сајтот преку менување на постоечките вести?

Во овој случај вестите, односно страниците со вести, се веќе поставени на веб-сајтот. Вие ќе треба да ги промените постоечките вести, односно да додадете ваши текстови и слики, а да ги избришете оние вести кои се додадени како пример, а кои не ви се потребни.

За да преуредите постоечка вест треба да го направите следното:

Во левото административно мени кликнете на линкот „Вести -> Сите вести“ по што ќе се отвори преглед на сите додадени пример-вести. Одберете ја веста што сакате да ја преуредите со кликнување на линкот „Избери“. Веднаш ќе се отвори страницата за уредување на вести. Дознајте повеќе за тоа како да ги уредувате вашите вести во секцијата „Како да уредите вест“

За да избришете веќе постоечка вест, направете го следното:

Во вашето лево административно мени одберете „Вести - > Сите вести“. Ќе се отвори страница којашто ќе ви прикаже преглед на сите постоечки вести. За да избришете некоја вест, кликнете на копчето „Бриши“ што се наоѓа на десниот крај од редицата којашто ја претставува веста.