Како да додадете видео на вашата веб-страница?

1. Кликнете на линкот „Додади елемент“ што е поставен насекаде низ страниците на вашиот веб-сајт додека сте во административниот панел.
2. Во панелот „Додади елемент“ што ќе ви се отвори, одберете го елементот „YouTube“.

3. Веднаш ќе ви се појави нов прозорец „Опции за YouTube видео“. Во полето „Целосна адреса на YouTube видеото“ внесете го URL-линкот што ќе го ископирате од видеото поставено на YouTube. Дополнително, одберете ја големината на видео-прозорецот што сакате да биде прикажан на вашата веб-страница (нормална, средна или мала), како и начинот на којшто сакате вашето видео да биде порамнето на веб-страницата (лево, централно или десно).

4. Притиснете на копчето „ОК“ и видеото ќе биде поставено на вашата веб-страница, веднаш под линкот „Додади елемент“ што го кликнавте на почетокот.

Како да додадете аудио на вашата веб-страница?

1. Кликнете на линкот „Додади елемент“ што е поставен насекаде низ страниците на вашиот веб-сајт додека сте во административниот панел.  

2. Во панелот „Додади елемент“ што ќе ви се отвори, одберете го елементот „Аудио“.

3. Веднаш ќе ви се појави нов прозорец „Опции за аудио плеер“. Тука кликнете на копчето „Избери“ што се наоѓа веднаш до полето „Аудио документ“.

4. Ќе ви се отвори нов прозорец „Аудио датотеки“ и тука, во горниот дел на тој прозорец, кликнете на копчето „Мој компјутер“.

5. Ќе ви се отвори нов прозорец преку кој ќе може да го пребарувате својот компјутер за да го одберете аудио-фајлот што сакате да го додадете. Притиснете на копчето “Open“ или кликнете два пати врз аудио-фајлот.

6. По ова, во прозорецот „Аудио датотеки“ ќе може да го видите вашиот аудио-фајл. Кликнете два пати на него или, пак, кликнете еднаш на аудио-фајлот и еднаш на копчето „ОК“. Со тоа ќе се вратите кај прозорецот „Опции за аудио плеер“.

7. Во полето „Наслов“ внесете го насловот на аудио-фајлот. Истиот ќе биде видлив на вашата веб-страница.

8. Во полето „Маска“ дефинирајте го изгледот на вашиот аудио плеер (темна или светла маска/боја).

9. Во полето „Ширина“ одберете ја ширината што сакате да ја има вашиот аудио плеер кога ќе биде прикажан на веб-страницата.

10. Во полето „Хоризонтално порамнување“ одберете како сакате да биде порамнет вашиот аудио плеер на веб-страницата (лево, централно или десно).

11. Притиснете на копчето „ОК“ и со тоа аудио-фајлот ќе биде поставен на вашата веб-страница.