Вебстриан ви дава различни можности во однос на името на доменот на вашиот веб-сајт. Како име за домен на вашиот веб-сајт може да користите бесплатен поддомен на webstrian.mk, како на пример mojsajt.webstrian.mk или пак да користите ваш сопствен домен - регистриран во некој од домен рагистраторите.
Името на поддоменот на веб-сајтот го задаваме ние во процесот на регистрација на веб-страната на нашата платформа и истото е сочинето од името на вашата компанија. Ова име ќе биде дел од webstrian.mk доменот, и тоа е името преку кое ќе може да пристапувате до вашиот веб-сајт додека го изработуваме за вас. На mojotsajt.webstrian.mk ќе биде видлива „работната верзија“ на сајтот.
По изработката, ние ја поврзуваме вашата веб-страна на ваш сопствен домен, закупен од кој било домен регистрар (во Македонија или во светот). По поврзувањето, доколку имате повикувања кон вашиот веб сајт со претходното име (на работниот под-домен), повикувањата ќе бидат пренасочени кон новото име на доменот.