Елементите на страницата се „алатките“ што го градат секој веб-сајт направен со Вебстриан.
Тоа се елементи што треба да ги вметнете во вашата веб-страница за да додадете своја содржина (текстови, слики, видеа, икони, блог-постови, вести итн.) Во суштина, една страница е збир од сите елементи што ќе се постават на неа. Со нивно комбинирање може да креирате каков и да посакате веб-сајт.
За да додадете нови елементи на страницата, треба да кликнете на линкот „Додади елемент“. Тој линк се наоѓа на секоја страница што ја градите и лесно ќе го забележите. Кликнете го и веднаш ќе ви се отвори нов прозорец со сите елементи што ви се достапни.
Откако ќе кликнете на елементот што сакате да го додадете, прозорецот ќе се затвори, а посакуваниот елемент ќе биде поставен во вашата веб-страница, веднаш под линкот „Додади елемент“, кој претходно го кликнавте.