Додадете го елементот „Фоторотатор“ на вашата почетна страница и поврзете ја секоја слика со најважните страници на вашиот веб-сајт. Искористете ја оваа моќна алатка за накратко да им објасните на вашите посетители што сѐ им нудите. Можеби тука ќе ротираат вашите последни проекти, услугите и производите што ги нудите или, пак, нешто сосема трето. Вие не само што ја контролирате содржината на ротаторот (слики, текст, линкови до соодветните страници), туку и ефектите на транзиција и брзина.
Елементот „Сведоштва“ ви овозможува да ги додадете изјавите од вашите задоволни клиенти на вашиот веб-сајт. Немате никакви ограничувања во однос на бројот на изјавите што може да ги додадете, а сите нив Вебстриан ќе ги прикаже во еден чист дизајн, со ротирачки ефекти што дополнително ќе ги истакнат вашите успешни приказни. Поставете го овој елемент на вашиот веб-сајт и дозволете да ви помогне да ја изградите довербата кај вашите идни клиенти.
Елементот „Тагови“ е клучен кога е во прашање рејтингот на вашиот веб-сајт на Гугл. Додадете го овој елемент по секоја ваша објавена содржина и помогнете му на Гугл да ве рангира високо при пребарувањето.
Таговите се клучните зборови во вашиот текст, односно тие ја сумираат темата за којашто пишувате. Доколку вашата компанија се занимава со производство на кондиторски производи, тогаш клучните тагови што би требало да ги имате се: благо, слатко, колачи, торти, желе, вафли, еклери, вкусно, домашно итн. Секој таг ќе зависи од содржината на вашиот текст, но и од дејноста на вашата компанија. Освен тоа, може да размислите како вие би пребарувале на Гугл кога би ве интересирала соодветната тема, па ќе можете полесно да ги внесете овие клучни зборови. Гугл ќе ги прочита и секогаш кога некој ќе ги впише овие зборови во полето за пребарување, ќе ги вади вашите страници.