ГЛАВНО НАВИГАЦИОНО МЕНИ

Главното навигационо мени ги содржи сите линкови што водат до страниците на вашиот веб-сајт. Се наоѓа на главниот хедер (заглавје) и најчесто ги содржи линковите: Почетна, За нас, Услуги, Производи, Блог, Контакт итн.

Секој линк може да има свој подлинк, односно главното навигационо мени може да има и паѓачко подмени. Во тој случај, една страница ќе биде вгнездена во рамките на друга, па линкот „За нас“ би можел да има свои подлинкови како „Историја“, „Визија“, „Мисија“, „Менаџмент“ итн.

Со Вебстриан вие ја имате целата слобода да ги смените предефинираните линкови од главното мени и паѓачкото подмени. Може да ги бришете постојните линкови, да креирате нови, да го менувате нивниот распоред, да ги поврзувате тие линкови со страници во рамките на вашиот веб-сајт или на некој друг, надворешен веб-сајт.

Уредете го главното мени онака како што вие сметате дека треба и потрудете се да ја изградите најдобрата навигациска структура за вашите посетители. Доколку им понудите интуитивно корисничко искуство, тие подолго ќе останат на вашиот веб-сајт и подобро ќе ги запознаат вашата компанија и вашите производи.   
Сите промени што ќе ги направите може да ги прегледате со едноставно кликнување на линкот „Види страница“, кој се наоѓа најгоре на вашиот административен панел. Тоа ќе ви овозможи да видите како ќе изгледа вашиот веб-сајт кога до него ќе пристапат вашите посетители.

ВЕРТИКАЛНО МЕНИ

Додадете вертикално мени веднаш до вашиот главен текст и понудете им на вашите посетители побрз пристап до содржини со слична тематика. За секоја страница може да креирате различно вертикално мени, но и да користите едно исто мени на повеќе страници ако тоа повеќе ви одговара.

Користете ја оваа алатка секогаш кога можете затоа што таа е клучна во задржувањето на вашите посетители на вашата веб-страница. Колку подолго време тие читаат за вас, толку повеќе ќе се запознаат со производите и услугите што ги нудите, а тоа е првиот чекор кон придобивањето на нивната лојалност.