МАПА

Додадете го елементот „Мапа“ на вашата страница и споделете ја вашата локација со посетителите на вашиот веб-сајт. По одбирањето на овој елемент веднаш ќе се прикаже Гугл-мапа на вашиот веб-сајт, која ќе ги упати вашите посетители до вас и вашиот бизнис. Како и сите други елементи, така и овој може целосно да го контролирате. Вебстриан ви ја нуди сета слобода да ја одберете големината на мапата, како таа ќе се прикажува, да го контролирате зумирањето, порамнувањето итн.

ФОРМУЛАР ЗА КОНТАКТ

Елементот „Формулар за контакт“ ќе креира контакт-форма за вас, преку која посетителите на вашиот веб-сајт ќе може да ви испратат порака и да побараат одговор на своите прашања. За да ја сетирате контакт-формата, сѐ што треба да направите е да внесете валидна адреса на е-пошта, на која ќе може да ви пристигнуваат пораките од посетителите.

По додавањето на вашата е-адреса, Вебстриан автоматски ќе искреира контакт-форма за вас, заштитена со визуелен код (CAPTCHA).

ФОРМУЛАР ЗА Е-ИЗВЕСТУВАЊА

Формуларот за е-известувања ви овозможува да изградите база на претплатници што ќе ви ја остават својата е-пошта за да добиваат месечни, неделни или дневни известувања со вашите последните новости, попусти, нови производи итн.

Пред да го поставите елементот „Формулар за е-известувања“ на вашиот веб-сајт, треба да ја нагодите оваа функционалност во левиот (црн) панел, во „Пријавени адреси за е-пошта“ > „Категории за пријавени адреси на е-пошта“. Тука треба да направите една или повеќе категории за кои би се пријавиле вашите посетители. На пример, може да имате една категорија за попусти, друга – за пристигнувањето на нова колекција или на нови производи во вашата продавница. За секоја категорија ќе треба да поставите посебен формулар за да може да ги организирате вашите претплатници. Ова ќе ви овозможи да испраќате еден тип е-известувања за една група и друг тип – за друга група претплатници.

Како и кај другите елементи, и тука имате целосна контрола врз изгледот, порамнувањето и пораката на формуларот за е-известувања.