Како да додадете содржина на веб-страницата

Пред да започнеме со изработка на вашата веб-страна, ви испраќаме предлог-дизајн за да го одобрите. Откако ќе добиеме одобрување, ги поставувме содржините кои ни ги имате доставено со стилот/дизајнот кој сте ни го одобриле. По изработката на вашата веб-страна, вие во иднина имате целосна слобода во однос на содржината, нејзината структура и секој нов елемент што дополнително сакате да го додадете.
 

Главниот начин на додавање на содржина на вашата веб-страна како текст, слики, видео, икони, јазици, контакт форми итн. е преку линкот „Додади елемент“. Оваа функционалност ќе ја забележите насекаде низ вашите страници кога сте во вашиот административен панел.

За да ја користите, следете ги следните чекори:

  1. Кликнете на линкот „Додади елемент“.

  1. Во прозорецот што ќе ви се отвори, одберете го елементот што сакате да го додадете на вашата веб-страница.

  1. Пополнете ги празните полиња кои ќе се појават во новиот прозорец што ќе се отвори и притиснете го копчето „ОК“. По ова, одбраниот елемент ќе се појави веднаш ПОД линкот „Додади елемент“ што го кликнавте.

  1. Зачувајте ги промените преку кликнување на копчето „Објави“ што се наоѓа во горниот (хоризонтален) дел на вашиот административен панел.

Ова копче може да го пронајдете и во десното административно мени.