Секогаш кога ќе додадете нешто ново на вашата веб страница или кога во неа ќе направите некакви промени, треба истите да ги објавите за да станат јавно достапни и со тоа видливи за вашите посетители.
Објавувањето на измените може да го направите на два начини:
1. Преку копчето „Објави измени“ кое се наоѓа во горниот (централен) дел на вашиот административен панел. Истото ќе свети црвено доколку се направени измени кои не се објавени.
Преку копчето „Објави измени“ кое се наоѓа во десното административно мени.
Со притискање на копчето „Објави измени“ статусот на вашата веб-страница ќе се смени од “необјавена“ во „објавена“.