Како да ја поделите веб-страницата на колони?

Кога сакате да додадете на вашата веб-страница елементи поставени во хоризонтална линија, односно еден до друг, тогаш треба да ја поделите страницата на колони и во секоја колона да го вметнете елементот што сакате да го додадете. Тоа може да го направите на следниот начин:

1. Кликнете на линкот „Додади елемент“ поставен низ страниците на вашиот административен панел, во оној дел во којшто сакате да ја поделите страницата на колони.

2. Во прозорецот што ќе ви се отвори, кликнете на второто јазиче, односно на табот „Структура“.

3. Кликнете на елементот „Колони“ и ќе се отвори нов прозорец „Опции за колоните“.

4. Внесете го бројот на колони што сакате да ја има вашата веб-страница, а потоа и просторот помеѓу колоните со притискање на копчињата „плус“ и „минус“.

5. Притиснете на копчето „ОК“ и вашата веб-страница ќе биде поделена на онолку колони колку што сте избрале.

- Во секоја колона, со кликнување на линкот „Додади елемент“, може да внесете текст, слики, икони, видеа итн. Немате никакви ограничувања и може да внесете кој било од елементите со кои располага платформата на Вебстриан.

6. Поминете со „глувчето“ врз колоните поставени на вашата веб-страница и на крајот од секоја колона ќе видите икона во форма на цртички што ќе ви отвори дополнителни можности за уредување. Кликнете на неа и ќе се отвори прозорецот „Опции за колоната“ што ќе ви овозможи да го одредите хоризонталното и вертикалното позиционирање на елементите во колоната.

7. Притиснете „ОК“ и новите подесувања ќе бидат зачувани.