Дизајните на Вебстриан се достапни во повеќе бои. Кога ќе го одберете посакуваниот дизајн, ќе ви се отвори веб-сајтот во една предефинирана, односно пример-боја. Вие може во секое време да ја смените таа боја со нова, од палетата на достапни бои кои ги има одбраниот дизајн.
За да ја промените бојата на вашиот дизајн, направете го следното:
1. Во левото административно мени, кликнете на последната ставка „Теми“.
2. Кликнете на „Прилагоди ја твојата тема“ и во горниот дел од страницата ќе ви се отворат сите достапни бои од дизајнот.
3. Кликнете врз бојата што сакате да ја има вашиот дизајн, а потоа на копчето „Зачувај“ што се наоѓа на крајот од лентата со достапни бои.
4. Доколку сè е во ред, ќе ви се појави порака дека промените се аплицирани.