Како да направите нова веб-страница

Кога Вебстриан првично ќе го искреира вашиот веб-сајт, ќе добиете предефинирани, односно пример-страници, кои потоа во административниот панел ќе може да ги менувате и уредувате.

Вебстриан ви овозможува да додадете целосно нови веб-страници на следниот начин:

  1. Во левото административно мени на вашиот административен панел може да додадете нова веб-страница преку копчето „Додади нова страница“ (начин 1) или преку копчето „Додади ставка“ со кликнување на „Празна страница“ (начин 2). Разликата е што во вториот случај новата веб-страница веднаш (автоматски) ќе ви се додаде во главното (навигациско) мени.

Начин 1
Начин 2
  1. Во новиот прозорец што ќе ви се отвори, најпрво одберете ја структурата што сакате да ја има вашата нова веб-страница (поле 2).

  2. Внесете го насловот што сакате да го има вашата нова веб-страница (поле 3).

  3. Интернет-адресата, односно URL-линкот што ќе се појавува во пребарувачите, автоматски ќе се пополни според името на вашата веб-страница. Ви препорачуваме да не го менувате, но доколку сметате дека треба да го направите тоа (на пример насловот на страницата е премногу долг), тогаш внесете ја посакуваната интернет-адреса во полето 4.

  4. Кликнете на копчето „Зачувај и продолжи“ за да ја креирате вашата нова веб-страница.

  1. Додадете ја вашата содржина (текст, слики, видео итн.) на новокреираната страница.

  2. Во десното административно мени кликнете на копчето „Објави измени“ со што ќе го промените статусот на таа страница од „необјавена“ во „објавена“.