Како да направите претплата

Претплатата за Вебстриан може да ја направите преку вашиот административен панел. На левото мени во административниот панел кликнете на „Претплата -> Сметка“.

На линкот „Сметка“ ќе се отворат вашите детали за претплатата. Тука може да го започнете процесот на претплата за услугите на Вебстриан.

Процесот започнува кога ќе кликнете на копчето „Претплати се“ кое ќе ве одведе до пакетите кои ви се достапни на Вебстриан.

Разгледајте ги пакетите кои ви ги нудиме и одберете го оној што најмногу им одговара на вашите потреби. Кога ќе кликнете на копчето „Избери“, веднаш ќе ви се отвори нова страница каде што ќе може да ги одберете периодот и начинот на плаќање.

Ова е последниот чекор во процесот за претплата на нашите услуги. Откако ќе ги пополните потребните информации и ќе кликнете на копчето „Претплати се“, доколку  како начин на плаќање имате избрано плаќање со фактура, системот ќе ви испрати профактура на вашата е-пошта, и вие ќе ги добиете одбраните услуги и ќе може да го креирате и уредувате својот веб-сајт со Вебстриан. Доколку како начин на плаќање имате избрано плаќање со платежна картичка, ситемот ќе ве префрли на страницата каде што се прави онлајн плаќање. По завршеното плаќање, ќе бидете префрлени повторно на Вебстриан, каде може да продолжите со уредувањето на вашиот веб-сајт.

Страница со потврда за успешната претплата ќе ви биде прикажана на крајот од овој процес доколку е сѐ во ред.