Секој елемент што ќе го додадете на вашиот веб-сајт, дополнително може да го уредувате, односно да го менувате.
Поминете со „глувчето“ врз елементот што сте го додале и над него (во десниот агол) ќе ви се појават алатките за уредување: „Опции“ и „Бриши“.
Со кликнување на „Опции“ веднаш ќе ви се отвори прозорецот за уредување на елементот што сте го искористиле. Тука може да ги направите сите посакувани промени.
Со кликнување на „Бриши“ ќе го отстраните целосно елементот од вашиот веб-сајт.
Освен што може да го уредувате секој елемент, може да ја менувате и неговата позиција со едноставно повлекување и пуштање. За да го направите тоа треба да го позиционирате вашето „глувче“ на самиот раб на елементот што сакате да го поместите или, пак, во горниот лев агол каде што се наоѓа иконата со четири стрелки. Повлечете го елементот на местото на коешто сакате да биде поставен на вашата веб-страница и пуштете го. Со тоа елементот ќе биде преместен на нова позиција на веб-сајтот.