Платформата на Вебстриан ви нуди два начина за уредување на вести.
1. Преку административниот дел за вести до којшто се стигнува преку левото административно мени со клик на „Вести - > Сите вести“. По ова ќе се отвори страницата со листата од додадени вести. Тука кликнете на линкот „Избери“ врз веста што сакате да ја уредите и ќе ви се отвори нова страница каде што ќе може да го сторите тоа.
2. Преку елементот за приказ на вести. За да стигнете до него, отворете ја страницата на којашто се поставени вашите вести и кликнете на линкот „Промени вест“ што се наоѓа над веста што сакате да ја уредите, поточно во нејзиниот горен десен агол. По ова ќе се отвори нов прозорец каде што ќе може да започнете да внесувате промени во содржината на конкретната вест.
Во двата случаи ќе ви се отвори страницата преку која се уредува веста. Тука треба да го направите следното:
- Во полето „Наслов“ внесете го насловот на вашата вест.
- Во полето „Медија“ додадете слика (најдобро со димензии 750x400 px) или, пак, додадете видео.
- Во полето „Содржина“ внесете го вашиот текст и уредете го со алатките што ви се достапни.
- Во полето „Тагови“ внесете ги клучните зборови за веста. Тие ќе бидат видливи на вашата веб-страница и на посетителите ќе им помогнат да пребаруваат други вести со слична тематика, односно кога ќе кликнат на одреден клучен збор (таг) ќе им се појави листа на содржини со истиот клучен збор. Тие исто така се важни и за вашето SEO, односно за оптимизација на вашите содржини на Гугл и на другите интернет-пребарувачи.
- Кликнете на копчето „Додади/отстрани поврзани вести“ доколку веќе имате напишано вести на слична тема со веста што ја додавате. Ќе ви се отвори нов прозорец каде што ќе треба да ги штиклирате поврзаните вести во коцката на крајот од името на одредената вест. Кликнете на копчето „Затвори“ и со тоа автоматски ќе ви се додадат поврзаните вести под онаа којашто во моментот ја подготвувате за објавување.
- Доколку сакате оваа вест да се појавува прва на вашиот веб-сајт, тогаш во десното административно мени штиклирајте го полето „Главен“.
- Доколку сакате оваа вест да се појавува во категоријата „Популарни вести“, тогаш во десното административно мени штиклирајте го полето „Популарен“.
- Кратката содржина за веста е задолжителна и таа се внесува во полето „Кратка содржина“ кое се наоѓа во десното административно мени.
- Пополнете ги и останатите полиња во десното административно мени како системско име, мета-описи и мета-клучни зборови, категоријата во која сакате да биде зачувана вашата вест и кликнете на копчето „Зачувај“ за да ги зачувате сите промени што сте ги направиле врз веста.