Вебстриан ви нуди целосна контрола при уредувањето на вашиот веб-сајт. Преку платформата на Вебстриан можете:
- Да го уредувате својот веб-сајт на едноставен, лесен и брз начин, без притоа да имате никакви технички предзнаења.
- Да дизајнирате свој веб-сајт со помош на однапред дефинирани и достапни дизајни.
- Да ја градите структурата на страниците на својот веб-сајт по ваша желба.
- Да објавувате текстуални, графички и видео содржини.
- Да го уредувате својот веб-сајт од кој било компјутер што е поврзан на Интернет преку веб-адресата www.webstrian.mk, без да треба да инсталирате софтвер на вашиот компјутер.
- За да имате ваш веб-сајт на Вебстриан не ви е потребна однапред регистрирана веб-адреса (т.н. домен, како на пример www.mojatakompanija.mk) затоа што со Вебстриан добивате бесплатен поддомен што може да го користите веднаш по регистрацијата, како на пример mojatakompanija.webstrian.mk. Доколку сакате, во секое време може да го поврзете вашиот веб-сајт, креиран преку Вебстриан, со сопствен домен.