Откажување на претплатата

Вебстриан ви нуди целосна флексибилност во користењето на вашата веб-страна.

Договорот за годишно одржување може да биде раскинат од која било страна, во кое било време во текот на годината. Со раскинување на договорот, веб-страната ја исклучуваме од нашата платформа и истата во иднина не може да се користи.

Сè што е потребно е да испратите писмено известување до нас, при што отказниот рок изнесува еден месец. Со овој пристап, ви гарантираме транспарентна соработка без скриени обврски.