Податоци за плаќање и фактури

Сите податоци поврзани за вашата претплата може да ги видете на страницата „Претплата“ која се наоѓа во левото мени на вашиот административен панел, односно во  „Претплата -> Сметка”.

Тука може да ги видите информациите за вашата моментална состојба на претплатата, датата кога таа истекува и кога ќе започне новиот период на претплата, пакетот што сте го одбрале итн.

На оваа страница исто така имате преглед на сите ваши фактури, како и на нивниот статус (платени / неплатени).

Со кликнување на копчето „Види профактура“ може да ја преземете профактурата на вашиот компјутер. Сите профактури ќе ги добивате автоматски и на вашата е-пошта тогаш кога ќе направите успешна претплата или кога ќе ја обновите претплатата.