Доколку поседувате домен купен преку GoDaddy, можете да го користите тој домен како домен на вашиот веб-сајт на Вебстриан. За да го направите тоа, потребно е да го насочите GoDaddy доменот кон Вебстиран преку подесувања во “DNS Zone File-от”.
Активацијата на промените во поставките на доменот може да потрае и до 48 часа. Доколку во процедурата на промена на доменот во Вебстриан админ панелот, системот ви даде порака дека вашиот веб-сајт не може да биде поврзан со сопствениот домен, ќе мора да почекате се додека поставките во GoDaddy не станат активни.
Со цел да продолжите со ова упатство, претпоставуваме дека веќе имате домен регистриран преку GoDaddy.
Следете ги наредните чекор по чекор инструкции со цел да ги конфигурирате поставките во вашиот GoDaddy.
Одете на веб-сајтот на GoDaddy и најавете се во вашата корисничка сметка. На првата страница кликнете на “Launch” копчето во секцијата “Domains”.
Ова ќе ја отвори страницата “Domains”.
На оваа страница, најдете го вашиот домен и кликнете на него. Со тоа ќе се отвори страницата “Domain Details” (сликата подолу. На оваа страница клинете на јазичето (табот) “DNS Zone File”.
Ова ќе го отвори табот “Zone File” преку кој се поставуваат поставките за доменот.
Во овој таб, променете го “@” рекордот (се наоѓа на врвот од страницата) да покажува кон нашата IP адреса: 185.24.221.75. Кликнете на “пенкало” иконата која се наоѓа во десната страна од “@” рекордот за да го отворите “Edit Zone Record” прозорецот.
Со тоа ќе се отвори прозорец за промена на рекордот.
Во “Edit Zone Record” прозорецот, во полето “Points To” внесете ја нашата IP адреса: 185.24.221.75 и кликнете на “Finish” копчето.
По затворањето на прозорецот ќе се појави црвена лента на врвот од табот. Кликнете на “Save Changes” копчето кое се наоѓа во оваа лента.
Наредно, на страницата подолу, најдете го "www" CNAME рекордот и осигурајте се дека покажува кон “@”. Доколку тоа не е така, променете го “Point To” полето така што рекордот ќе покажува кон “@”.