Краток преглед

Годишно одржување на вашата веб-страна на Вебстриан

Процесот на соработка започнува со детален брифинг по кој заеднички го одредуваме пакетот што најдобро одговара на вашите потреби: Основен, Стандарден, Стандард Плус или Е-продавница.

Врз основа на избраниот модел, се потпишува годишен договор за користење на услугите на Вебстриан.
 

Флексибилност и транспарентност

Нашиот модел е дизајниран да расте заедно со вашиот бизнис. Во секое време можете да направите промена на пакетот (премин на помал или поголем), согласно вашите тековни барања. Договорот е флексибилен и може да биде раскинат од која било страна, во кое било време, со писмено известување и отказен рок од еден месец.


Што вклучува годишната претплата?

Цените на пакетите се на годишно ниво и претставуваат комплетно решение за вашето дигитално присуство. Тие вклучуваат: Хостинг и техничко одржување на серверите и софтверот, безбедносен SSL сертификат за заштита на податоците, техничка поддршка, бесплатни работни часови за поставување нови содржини.


Обновување и плаќање

Пред истекот на тековната претплата, на вашата е-адреса ќе добиете фактура за следната година. Со нејзиното подмирување, договорот автоматски се продолжува за наредниот период од една година. Плаќањето се врши во целост или на рати, согласно динамиката која претходно е договорена помеѓу клиентот и Вебстриан, овозможувајќи ви полесно планирање на вашиот буџет.