Заглавјето и подножјето на вашиот веб-сајт се предефинирани елементи на секој дизајн на Вебстриан. Доколку сакате, можете да ги сокриете од сите ваши страници или само од дел.
Криењето или прикажувањето на заглавјето/подножјето се прави на следниов начин:
1. Поставете го „глувчето“ врз заглавјето или подножјето на вашата веб-страница и побарајте ја иконата „забец“. Таа се наоѓа во горниот десен агол на заглавјето (хедерот) и во долниот десен агол на подножјето (футерот).
2. Кликнете на иконата „забец“ и ќе ви се отворат две можности:
- Прикажи го подножјето/заглавјето на страницата.
- Сокриј го подножјето/заглавјето на страницата.
Важно е да знаете дека кога ќе одберете да го сокриете подножјето или заглавјето на страницата, истото ќе престане да биде видливо од онаа страница од која сте го сокриле, но ќе остане видливо на другите страници. Сокривањето или прикажувањето на заглавјето/подножјето се однесува само на страницата на која се сокрива/прикажува, а не и на останатите страници од веб-сајтот.