СЛИКИ

Додадете слики на вашиот веб-сајт и поврзете ги со линкови што ќе водат до некоја ваша внатрешна страница или пак до друга – надворешна; може да им додавате наслови, текст, како и да го одредите нивното порамнување (централно, лево или десно).

Најважно од сѐ е тоа што секоја слика што ќе ја додадете ќе се адаптира на различните големини на екраните, благодарение на вградениот приспособлив т.н. респонзивен дизајн.

Видео

На вашиот веб-сајт може да додавате и видеа од Јутјуб преку линкот „Додади елемент“ > „Јутјуб-контрола“. За да го поставите видеото, сѐ што треба да направите е да го ископирате линкот од Јутјуб и да го вметнете во прозорецот „Јутјуб-контрола“. Освен тоа, преку оваа контрола имате можност да ја одредите големината со која ќе се прикажуваат видеата на вашиот веб-сајт, како и нивното порамнување (централно, лево или десно).

АУДИОПЛЕЕР

Поставете аудиоплеер на вашиот веб-сајт преку елементот „Аудио“ и споделете ја вашата омилена музика или, пак, друга аудиосодржина со вашите посетители.

Со Вебстриан вие самите одлучувате како ќе изгледа аудиоплеерот на вашиот веб-сајт. Пред да го поставите, одберете ја неговата маска, односно боја (светла или темна), неговата широчина (мала, средна, голема), како и неговото порамнување (централно, лево или десно) на вашиот веб-сајт.