Сопствени домени
Сите корисници на Вебстриан може да користат сопствени домени прибавени од некој од домен регистраторите. Поврзувањето на надворешен домен со вашиот веб-сајт побарува да ги промените DNS рекордите на доменот и да ги поставите да покажуваат кон нашите IP адреси.
Поврзувањето на вашиот веб-сајт со сопствен домен се изведува во два чекори:
-
Поставување на името на доменот во домен регистрарот да покажува кон Вебстриан.
-
Промена на името на поддоменот со името на сопствениот домен. Ова се постигнува преку административниот панел на Вебстриан.
Чекор 1 – Поставување на името на доменот во домен регистрарот да покажува кон Вебстриан
Иако секој домен регистрар има свои специфики во однос на тоа како се менуваат DNS рекордите преку нивниот административен панел, генерално процедурата за промена е поприлично иста.
Кога го подесувате името на доменот кон вашиот веб-сајт, прво, треба да бидете запознаени со следниве поими:
-
Име на хостот: @ или * рекордот и “www” рекордот.
-
IP адресата кон која покажува името на хостот: во овој случај тоа е нашата IP адреса која треба да биде поставена во овие рекорди.
-
Тип на рекорд: Во овој случај тоа е рекордот од тип "A" и CNAME типот на рекорд.
Со цел да го поврзете вашиот сопствен домен со вашиот веб-сајт на Вебстриан, потребно е да ги направите следниве чекори:
Чекор 1: Првиот чекор е да се најавите во административниот панел кај вашиот домен регистрар и да ги најдете подесувањата за “Zone File”, од каде може да управувате со DNS рекордите.
Чекор 2: Вториот чекор е да го најдете “A” рекордот и да ја поставите IP адресата да покажува кон нашата IP адреса: 185.24.221.75
Чекор 3: Третиот чекор зависи од тоа дали “www” рекордот постои во “zone file” или не.
-
3.1 Доколку “www” рекордот постои, овој рекорд треба да биде поставен да покажува кон нашата IP адреса.
-
3.1 Доколку не постои “www” рекордот, тогаш е потребно да додадате таканаречен CNAME рекорд. Побарајте во админ панелот од каде може да се доададе нов рекорд и изберете CNAME тип на рекорд. Потоа како алијас за овој рекорд внесете “www” и во полето за IP адреса внесете ја нашата IP адреса.
Чекор 2 - Промена на името на поддоменот со името на сопствениот домен
По подесувањата на името на доменот во домен регистраторот, нареден чекор е да се промени името на поддоменот во името на сопстветниот домен. Ова може да биде направено преку административниот панел на Вебстриан.
Имајте во предвид дека е потребно време за да се одразат промените направени кај домен регстраторот. Вообичаено ова време е неколку часови, но зависно од домен регистраторот, ова време може да биде и до 48 часа. Новиот домен насочен кон Вебстриан нема да работи се додека овие промени не бидат активни.
Со цел да го замените името на поддоменот, во име на домен, потребно е да ги направите следниве чекори:
Чекор 1: Најавете се во вашата корисничка сметка и од левото административно мени, од ставката “Систем” изберете ја ставката “Управувај со доменот”. Со ова ќе се отвори страницата преку која се вршат поставувања поврзани со поддомените/домените на вашиот веб-сајт.
Чекор 2: Кликнете на јазичето (табот) “Сопствен домен”.
Ќе се отвори дел од страницата преку кој можете да го поставите вашиот сопствен домен.
Овде, во полето “Име на домен” внесете го името на сопствениот домен и кликнете на копчето “Побарај промена”.
Доколку поставувањата кои ги направивте кај вашиот домен регистрар станале активни, тогаш овој клик ќе иницира процедура за промена на доменот во нашиот систем. За да се активира промената на доменот во нашиот систем, потребно е време од 3-8 часа. Откако промената на доменот ќе биде активна и во нашиот систем, за тоа ќе бидете известени преку е-пошта по што ќе можете да го користите вашиот веб-сајт преку новиот домен.
Во случајот доколку промените во домен регистрарот се уште не се активни, ќе ви биде прикажана порака дека не можете да го поставите името на доменот по што ќе треба да почекате извесно време и повторно да се обидете.