Како да додадете вертикално мени?

Додадете вертикално мени покрај одредена содржина на вашиот веб-сајт и искористете го како патоказ до вашите останати содржини со слична тематика. За да го поставите, треба да го направите следното:

1. Најпрво поделете ја страницата на најмалку две колони или одберете страница чија структура веќе е со две колони, а потоа во едната колона кликнете на „Додади елемент - > Вертикално мени“.

- Доколку не знаете како да ја поделите страницата на колони, прочитајте во секцијата „Како да ја поделите веб-страницата на колони?“

2. Кога ќе кликнете на елементот „Вертикално мени“ ќе ви се отвори прозорецот „Избери постоечко мени / додади ново“. Кликнете на копчето „Додади мени“.

- Откако ќе креирате едно вертикално мени, истото ќе може да го употребите на повеќе страници. Кога Вебстриан првично ќе го креира вашиот веб-сајт, во него нема да имате постоечко вертикално мени и ќе треба да го креирате.

3. Ќе ви се отвори прозорецот „Додади/промени ставки од вертикално мени“. Кликнете на копчето „Додади ставка“ и ќе ви се отвори нов прозорец во којшто ќе треба да изберете помеѓу „внатрешен линк“, „надворешен линк“ и „ново подмени“.

- Одберете „внатрешен линк“ доколку сакате линкот од вертикалното мени да води до страница од вашиот веб-сајт. Во новиот прозорец што ќе ви се отвори, внесете го името на ставката и поврзете ја со соодветната веб-страница од паѓачкото мени. На пример, доколку сакате ставката од вертикалното мени да води до страницата „За нас“ тогаш името на ставката ќе биде „За нас“, а линкот до кој таа ќе води ќе биде страницата „За нас“.

- Одберете „надворешен линк“ доколку сакате линкот од вертикалното мени да води до страница на некој друг веб-сајт. Во новиот прозорец што ќе ви се отвори, во првото поле внесете го името на ставката, а во второто вметнете го линкот од веб-сајтот до каде што ќе води.

- Одберете „Ново подмени“ доколку сакате во вертикалното мени да поставите линк со неколку подлинкови. Ќе ви се отвори нов прозорец каде што ќе треба да го внесете името на подменито.

Ако на пример внесете „Промотивни понуди“ како име на подменито, веднаш ќе се прикаже фолдер „ Промотивни понуди“ во кој ќе може да додавате нови ставки кои ќе бидат прикажани како подмени на вертикалното мени. Кликнете на „Додади ставка“ и започнете да го градите вашето подмени.

Ако креирате веб-сајт за туристичка агенција, тогаш како подмени на „ Промотивни понуди“ би биле ставките „Новогодишен попуст“, „Италија со авион - 20% попуст“ итн.

4. Доколку сакате да направите промени во вертикалното мени кое го креиравте, кога сте во главниот прозорец „Додади/промени ставки од вертикално мени“, поминете со „глувчето“ врз ставките. На крајот од сивата лента имате опции за уредување.

- Со кликнување на иконата „забец“ ќе може да ги промените името/линкот на ставката.
- Со кликнување на стрелките горе/долу ќе може да го смените распоредот на ставките.
- Со кликнување на иконата „корпа“ ќе може да ја избришете ставката.

5. Кликнете на копчето „Затвори“ и вертикалното мени ќе биде додадено на вашиот веб-сајт.