Елементот „Вести“ ви овозможува да ги споделувате дневните новости со вашите читатели. Овој елемент може да биде само дел од вашиот бизнис веб-сајт или може да го искористите за да изградите вистински модерен веб-портал.
Со кликнување на елементот „Вести“ во третиот таб на прозорецот „Додади елемент“, автоматски ќе биде додаден модулот за вести на вашиот веб-сајт. Тоа значи дека ќе добиете стандарден формат за вести каде што вие ќе треба само да ги смените насловот, сликата/видеото и деталниот текст што ја опишува веста.
Освен тоа, Вебстриан ви ја нуди можноста да додавате различни категории на вести за да им помогнете на посетителите да го пронајдат тоа што навистина ги интересира. Категориите вести ќе се појавуваат во странично мени на вашиот веб-сајт, распоредени онака како што вие сакате. Со додавањето на категориите истовремено ќе ја изградите структурата на вашиот веб-сајт, но и ќе го направите попрегледен за вашите посетители.
Со додавање на елементот „Главна вест“ содржината на таа вест ќе стои најгоре на вашиот веб-сајт. Елементот „Популарни вести“ ќе ги промовира содржините што ви се важни, а елементот „Најнови вести“ ќе ги издвојува вашите последни објави. Со додавање на елементот „Архива на вести“ сите ваши објави ќе бидат автоматски додадени во архивата на вашиот веб-сајт според времето на нивното објавување.
Она што е навистина важно е дека тука може да го додадете елементот „Пребарување на вести“. Со тоа на вашиот веб-сајт ќе се спушти поле за пребарување (search bar). Освен тоа, може на секоја вест да ѝ додавате тагови, а со секое кликнување на одреден таг, на вашите посетители ќе им се отворат сите содржини што го носат тој клучен збор. Покрај пребарувањето, таговите исто така се важни за подигнување на рејтингот на вашиот веб-сајт на Гугл и на другите пребарувачи, односно тие ќе ви помогнат во неговата оптимизација за пребарувачи (SEO).
Сите елементи за креирање вести што ви ги нуди Вебстриан може да ги комбинирате за да ја изградите структурата на вашиот веб-сајт или веб-портал онака како што вие сакате.
Направени се да бидат едноставни за користење и секој да може сам, сосема интуитивно да го уреди својот веб-сајт или веб-портал.