Внесете промени во главното навигационо мени

Главното навигациско мени се наоѓа во горниот дел на веб-сајтот (на заглавјето, односно хедерот) и ги содржи најважните линкови кои водат до страниците на вашиот веб-сајт како: Почетна, За Нас, Услуги, Производи, Контакт итн. За да додадете навигациско мени на вашиот веб-сајт или за да направите промени во веќе постоечкото мени треба да го направите следното:

1. Кликнете на линкот „Додади елемент“ и потоа одберете го елементот „Главно мени“.

2. На вашиот веб-сајт веднаш ќе се постави хоризонтално навигациско мени. За да го уредувате ова мени по ваша желба, поминете со „глувчето“  врз менито и во горниот десен агол кликнете на „Додади/уреди“.

- Сите дизајни на Вебстриан имаат главно навигациско мени и доколку сакате да го уредувате тоа мени, прескокнете го првиот чекор и започнете со вториот

3. Ќе се отвори прозорецот „Додади / промени ставки од главното мени“ каде што ќе имате преглед на сите ставки во вашето навигациско мени. За да го уредите името или да го промените линкот од секоја ставка, поминете со „глувчето“ врз неа и кликнете на иконата „забец“.

4. Ќе ви се отвори прозорецот „Измени ставка од мени“. Во првото поле ќе може да го промените името на ставката, а во второто –да одберете на која страница таа ставка ќе води преку паѓачкото мени.

5. Распоредот на ставките може да го смените со кликнување на стрелките горе/долу кои ќе ви се појават кога со „глувчето“ ќе поминете врз ставките.

6. За да избришете некоја ставка од менито, треба да кликнете на иконата „корпа“ што ќе се појави кога со „глувчето“ ќе поминете врз ставката.

7. Нова ставка може да додадете со кликнување на копчето „Додади ставка“ во прозорецот „Додади / промени ставки од главното мени“.

8. Ќе ви се отвори нов прозорец во кој ќе треба да изберете помеѓу „внатрешен линк“, „надворешен линк“ и „ново подмени“.

- Одберете „внатрешен линк“ доколку сакате линкот од главното мени да води до страница од вашиот веб-сајт. Во новиот прозорец што ќе ви се отвори, внесете го името на ставката и поврзете ја со соодветната веб-страница од паѓачкото мени. На пример, доколку сакате да додадете нова ставка во главното мени „Промотивни понуди“ тогаш името на ставката ќе биде „ Промотивни понуди“ и истата треба да ја поврзете со соодветната страница што сте ја креирале, а која ќе ја изберете од паѓачкото мени.

- За да го направите поврзувањето на ставката со страницата „Промотивни понуди“, оваа страница треба да биде претходно креирана.

- Одберете „надворешен линк“ доколку сакате линкот од главното мени да води до страница на некој друг веб-сајт. Во новиот прозорец што ќе ви се отвори, во првото поле внесете го името на ставката, а во второто вметнете го линкот од веб-сајтот до каде што ќе води.

- Одберете „Ново подмени“ доколку сакате во главното навигациско мени да поставите линк со подлинкови, односно да креирате паѓачко подмени за главното мени. Во тој случај, една страница ќе биде вгнездена во рамки на друга, па линкот „За Нас“ би можел да има свои подлинкови како „Историја“, „Визија“, „Мисија“, „Менаџмент„ итн.

9. Најчесто компаниското лого стои до главното навигациско мени. За да го додадете вашето лого, прво креирајте две колони и во едната како елемент додадете „Слика“ каде што ќе го поставите вашето лого, а во другото како елемент додадете „Главно мени“. Кликнете на следниов линк со цел да прочитете повеќе околу тоа како да ја поделите страницата на колони.