Како да го промените заглавјето (хедерот)?

Заглавјето (хедерот) на вашиот веб-сајт има две компоненти – горен (мал) и главен хедер.

При изработката на вашата веб-страна на Вебстриан ние поставуваме заглавје кое вие може дополнително да го уредувате по ваша желба.

Во горниот (мал) хедер најчесто стојат важни информации како контакт, јазични опции, линк за најава итн. Главниот хедер, пак, е сочинет од лого и главно мени за навигација на веб-сајтот.

Заглавјето се менува на ист начин како што се менува и самата страница, со промена на елемените во него, односно додавање на нови елементи или бришење на постоечките. Овде е мошне битно да напоменеме дека промените кои ќе се направат во заглавјето се одразуваат на сите страници во веб-сајтот.

Како да го промените подножјето (футерот)?

При изработката на вашата веб-страна на Вебстриан, ние ви поставувме подножје (футер) кое вие во иднина целосно може да го промените / уредите по ваша желба.

Исто како и заглавјето, и подножјето (футер-от) се менува на ист начин како што се прават промени и во самата страница, со промена на елемените во него, односно додавање на нови елементи или бришење на постоечките. И овде важи истото како и кај футерот: промените кои ќе се направат во подножјето се одразуваат на сите страници во веб-сајтот.