Заглавјето на вашиот веб-сајт е сочинето од 2 компоненти – Горен (мал) и Главен хедер. Во Горниот (мал) хедер може да ги ставите вашите најважни информации како контакт, јазични опции, линк за најава (логирање) итн.
Главниот хедер најчесто е сочинет од лого и главно мени за навигација на веб-сајтот. Кога ќе започнете со кој било дизајн достапен на Вебстриан, главното навигациско мени ќе биде видливо на сите ваши страници според нашите предефинирани нагодувања. Но вие може да го менувате ова мени со свои информации, да избришете дел од содржините за навигација, да додадете нови или, пак, да го скриете главното навигационо мени од оние страници каде што мислите дека не треба да биде видливо.
Сите промени што ќе ги направите, може да ги прегледате со едноставно кликнување на линкот „Види страница“, кој се наоѓа најгоре на вашиот административен панел. Тоа ќе ви овозможи да видите како ќе изгледа вашата веб-страница кога до неа ќе пристапат вашите посетители.
Со Вебстриан може да додадете колку сакате јазици на вашиот веб-сајт. Со додавање на повеќе јазици ќе им понудите слобода на вашите посетители сами да го одберат јазикот на којшто ќе го прегледуваат вашиот веб-сајт.
Дефинирањето на нови јазични верзии се врши преку левото странично мени во „Систем“ >„Јазици“. Тука може да додадете нов јазик, но и да направите дополнителни јазични нагодувања, како на пример одбирање на „Предефиниран јазик“, односно јазик на којшто сакате вашиот веб-сајт да се прикажува кога посетителите првично ќе пристапат до него.
По одбирањето нов јазик, ви останува само да ги преведете страниците. Кога сте во административниот режим на работа (едит мод), одете во десниот бел панел на страницата и под „Тековен јазик“ одберете го јазикот што сте го додале и започнете го преводот.
Кога ќе го завршите преведувањето, додадете јазично мени на вашиот веб-сајт. Ви препорачуваме јазичното мени да го поставите на горниот (мал) хедер. Само кликнете на линкот „Додади елемент“ во хедерот, а потоа во него одберете „Јазици и валути“. Означете го „Прикажи го менито со јазици“ и со тоа на вашиот веб-сајт ќе се појави паѓачко/лизгачко јазично мени. Тука секој посетител, со само еден клик, ќе може да го одбере јазикот на којшто сака да го прегледува вашиот веб-сајт.
Подножјето, поставено во долниот дел на вашата страница, е предефиниран елемент што доаѓа со секој дизајн достапен на Вебстриан. Тука може да ги додадете вашите контакт-информации, најважни линкови, формата за пријава за месечни известувања или која било друга важна информација.
Може да ги промените предефинираните елементи според вашите желби и потреби или, пак, да ги избришете целосно и да почнете од „нула“. Доколку мислите дека не ви е потребен овој елемент на вашиот веб-сајт, едноставно скријте го од вашите страници. Кликнете на иконата за опции во форма на запчаник и означете ја опцијата „Скриј го подножјето на страницата“. Со ова вашиот футер повеќе нема да биде видлив.
Прегледајте ги направените промени со кликнување на линкот „Види страница“, кој се наоѓа на врвот на вашиот административен панел. Тоа ќе ви овозможи да видите како ќе изгледа вашиот веб-сајт кога до него ќе пристапат вашите посетители.