social image

FAQ

Најчесто поставувани прашања

01Дали нудите услуга за одржување и ажурирање на веб-страната по изработката?

Да, во сите три пакети за изработка на веб-страна вклучено е и одржувањето. Под одржување се подразбира хостинг, техничко одржување на серверите на кои е поставен веб-сајтот, односно Вебстриан платформата и техничка поддршка преку телефон, мејл или Скајп, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот. Исто, во одржувањето на вашата веб-страна, во зависност од пакетот, влегува поставување на содржини од наша страна и тоа по 2, 3 или 4 работни часа годишно.

02Колку време вообично е потребно да се изработи веб-страница?

Времето на изработка на веб-страната изнесува 15 работни дена по утврдувањето на страниците, менијата и доставата на материјалите (лого, текстови и фотографии).

03Зошто ми е потребна веб-страна?

Затоа што вашата веб-страна е вашата дигитална „визит карта“ која ќе го подобри професионалниот изглед на вашиот бизнис и ќе придонесе за поголем кредибилитет пред потенцијалните клиенти.

04Што е хостинг?

По изработката на веб-страната потребно е истата да се постави на сервер за да биде достапна на интернет. Ова се нарекува хостирање. Компјутерите на кои се поставува веб-сајтот за да биде достапен на интернет се викаат веб-сервери. Важно е да знаете дека хостингот најчесто е услуга која се плаќа на годишно ниво.

Со платформата на Вебстриан оваа услуга е вклучена во техничкото одржување на веб-сајтот, каде што освен хостирањето имате и одржување на софтверот, базите и серверите каде е поставен вашиот веб-сајт.

05Што е домен?

Домен е веб-локација, односно адреса на веб-страната, преку која се пристапува до нејзините страници. Домените се купуваат преку домен-регистри и вообичаено се обновуваат на годишно ниво. (пример за домен: https://www.webstrian.mk, каде што https:// - кратенка за протоколот со кој се пристапува на веб-серверот, www – традиционален акроним, префикс за веб-адреса, webstrian.mk - името на доменот, каде што кратенката “.mk” го претставува меѓународниот код за домени за нашата државата)

06Како можам да го подобрам рангирањето на веб-страната на Google и останатите пребарувачи (SEO)?

Најбитните фактори од кои зависи рангирањето на една веб-страна се: квалитетна содржина, клучни зборови во веб-сајтот кои одговараат на намерата на пребарување, корисничкото искуство на веб-сајтот, повратни линкови (Backlinks), брзината на отварање на веб-страниците, мобилна верзија од веб-сајтот, авторитет на доменот, структура на веб-сајтот, безбедност на веб-сајтот и сигнали од социјалните мрежи.

Откако ќе ја изработиме вашата веб-страна ви даваме насоки и ви испраќаме прирачник со упатства и насоки за оптимизирање на вашата веб-страна, изработена со Вебстриан платформата, за подобро рангирање на интернет пребарувачите.

07Дали веб-сајтот ќе се прилагодува на мобилни уреди?

Да, респонзивноста е многу важна и затоа кога го правиме веб-дизајнот многу внимаваме веб-страната да изгледа одлично на сите уреди од кои би можело да се пристапи до неа.

08Дали со веб-страната добивам и бизнис мејл адреси?

Да. Во зависност од пакетот што ќе го одберете, во него е вклучено отварање и хостирање на мејл адреси на вашиот домен (пр. contact@yourdomain.mk), и тоа 1 мејл адреса за основен пакет, до 3 мејл адреси за стандарден пакет и до 5 мејл адреси за стандард плус пакетот.

09Што доколку имам проблеми со веб-страната откако ќе ја изработите?

Доколку се случи да имате некој проблем со веб-сајтот, може да ја контактирате нашата техничка поддршка директно на телефон или на мејл, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот, ние сме тука да ви помогнеме во надминување на поблемот.

10Кои алатки и технологии користите за изработка на веб-страни?

За изработка на веб-страните ја користиме Вебстриан платформата која е македонски производ каде и самите ќе можете многу лесно и едноставно да поставувате материјали и да го ажурирате вашиот веб-сајт.

11Каков е процесот за развој на веб-сајтот од почеток до крај?

На почетокот правиме состанок за да ни ги кажете вашите барања и очекувања од веб-сајтот и да се договориме околу дизајнот и функционалностите кои ви се потребни. Откако ќе ни ги испратите материјалите што треба да ги поставиме, го изработуваме веб-сајтот во рок од максимум 15 работни дена и ви праќаме предлог дизајн.

Доколку го одобрите дизајнот, го поврзуваме сајтот со ваш домен. Потоа ви одржуваме кратка обука за тоа како да управувате понатаму со вашиот веб-сајт, како да поставувате дополнителни материјали и да ги обновувате веќе поставените информации.

Постави прашање

Ако не го најдовте тоа што го барате, не двоумете се да нè контактирате.

Центар за поддршка