Прирачник за SEO (Search Engine Optimization)

Упатства и насоки за оптимизирање на вашата веб-страна, изработена со Вебстриан платформата, за подобро рангирање на интернет пребарувачите
Последна промена: Јуни 12, 2023

ВОВЕД

Овој документ преставува прирачник за основите на SEO (Search Engine Optimization). Во него се наведени најбитните фактори од кои зависи рангирањето на еден сајт. Во документот посебно е обрнато внимание на тоа што нуди Вебстриан платформата со цел да се влијае на SEO-то на веб-сајтот.

Што е SEO (Search Engine Optimization)

SEO или Search Engine Optimization е процес на оптимизација на еден веб-сајт со кој се постигнува негово високо рангирање на интернет пребарувачите како Google, Microsoft Bing.

Фактори од кои зависи рангирањето на еден веб-сајт

SEO рангирањето на еден сајт зависи од повеќе фактори. Овие фактори, со тек на времето, можат да претрпат измени и со тоа можат помалку или повеќе да влијаат на рангирањето на веб-сајтовите. Поради тоа треба постојано да се пратат трендовите кај SEO-то и препораките од интернет пребарувачите со цел да се задржи и подобри рангирањето на веб-сајтот.
Во моментов, најбитните фактори од кои зависи рангирањето на еден веб-сајт се следниве:
  • Високо квалитетни содржини
  • Содржини кои одговараат на намерата на пребарување
  • Клучни зборови во веб-сајтот
  • Корисничкото искуство на веб-сајтот
  • Повратни линкови (Backlinks)
  • Брзината на отварање на веб-страниците
  • Мобилна верзија од веб-сајтот
  • Авторитет на доменот (Domain Authority)
  • Структура на веб-сајтот
  • Безбедност на веб-сајтот (HTTPS)
  • Сигнали од социјалните мрежи
Битно е да се има на ум, дека факторите од кои зависи рангирањето се динамични и се менуваат во поголема или помала мера, поради што треба постојано да се пратат препораките од интернет пребарувачите. Во продолжение ќе бидат накратко обработени секоја од точките.

Високо квалитетни содржини

На веб-страната потребно е да се поставуваат квалитетни содржини кои постојано ќе се ажурираат и надградуваат. За да бидат квалитетни, содржините треба да бидат оригинални и да бидат корисни за посетителите. Исто, веб-страната треба редовно да се обновува и со нови содржини. Квалитетната содржина добива повеќе линкови и споделувања, што влијае позитивно на SEO резултатите.
Вебстриан, преку своите алатки, овозможува визуелно, едноставно и лесно поставување и ажурирање на содржините на веб-сајтот (текстови, наслови, слики, менија итн).

Содржини кои одговараат на намерата на пребарување

Друг клучен фактор за рангирање на Google е колку добро вашата содржина се совпаѓа со намерата за пребарување на корисникот. Намерата за пребарување го опишува она што корисникот се обидува да го постигне со пребарување.
Овој фактор се однесува на значењето, семантиката на содржините на веб-сајтот.
Откако ќе го изработиме веб-сајтот, со Вебстриан не ви се потребни никакви технички предзнаења за вие самите да ја ажурирате содржината на вашиот веб-сајт.

Клучни зборови во веб-сајтот и Мета клучни зборови (Meta keywords)

Клучните зборови и мета-клучните зборови се два важни аспекти на SEO оптимизацијата. Клучните зборови влијаат на содржинското SEO и се однесуваат на оптимизирање на содржината на веб-страната, вклучувајќи го истражувањето на клучни зборови и креирање на квалитетен содржински материјал.
Мета клучните зборови пак се дел од техничкото SEO, кое се фокусира на оптимизирање на техничките аспекти на веб-страната, како што се заглавијата, мета-описите, URL, како аспекти поврзани со структурата на веб-страната и многу други технички фактори.
Клучните зборови се зборови или фрази кои се релевантни за вашата веб-страна и вашиот бизнис. Тие се зборови/фрази кои луѓето ги бараат во пребарувачите кога се обидуваат да најдат информации или производи и услуги слични на вашите. За почеток е потребно да ги идентификувате релевантните клучни зборови и фрази кои се поврзани со вашиот бизнис, и тука е многу важно да ја разберете намерата односно целта на луѓето кога пребаруваат производи и услуги кои вие ги нудите. Поставувањето на клучни зборови и фрази во вашата содржина може да им помогне на пребарувачите да ги разберат и индексираат вашите страници.
Мета-клучните зборови се специфични клучни зборови или фрази што се вметнуваат во HTML кодот на вашата веб-страница во делот на мета-таговите. Мета-таговите се скриени информации за вашата веб-страна што не се видливи на самата страна, но што може да им помогне на пребарувачите да ја разберат и индексираат содржината. Мета-клучните зборови се користат за да се опишат темата или содржината на вашата веб-страна и да ги поврзат со релевантните клучни зборови. На секоја страна треба да ги вметнете мета клучните зборови за вашиот бизнис, вашите услуги или производи. Тие треба да се внесат со кирилична поддршка за корисниците кои пребаруваат на кирилица и со латинична поддршка за корисниците кои пребаруваат на латиница.
(пример: "изработка на веб страна, izrabotka na veb strana...")
Кога го оптимизирате вашето содржинско и техничко SEO со клучни зборови и мета-клучни зборови, имате поголеми шанси вашата веб-страна да се прикаже во резултатите од пребарувачите кога луѓето ги пребаруваат информациите поврзани со вашиот бизнис. Важно е да користите клучни зборови на природен начин во содржината. Избегнувајте прекумерна употреба или злоупотреба со клучните зборови, бидејќи тоа може негативно да се одрази врз вашето SEO.
Вебстриан ви дава можност сами да ja зголемите оптимизацијата за интернет-пребарувачите (SEO) на вашата веб-страна со додавање мета-клучни зборови на секоја страница, приспособени на содржината на вашиот веб-сајт.

Корисничкото искуство на веб-сајтот

Корисничкото искуство (User Experience - UX) игра важна улога во SEO. Вашата веб-страна треба да биде лесна за користење, интересна и да дава вредност на посетителите. Добрата навигација е од суштинско значење за корисничкото искуство. Вашата веб-страна треба да има јасна и лесна навигација, со добро организирани категории и линкови. Ова помага на корисниците да дојдат до потребните информации. Дизајнот треба да биде интуитивен, формуларите треба да бидат лесни за пополнување, а информациите треба да бидат организирани и лесни за пронаоѓање. Корисниците кои имаат позитивно искуство на вашата веб-страна можат да останат подолго време и да се вратат повторно, што може да има позитивен ефект врз SEO.
Со Вебстриан го добивате тоа, нашиот тим на искусни UX/UI дизајнери ќе се погрижат за корисничкото искуство на вашиот веб-сајт.

Повратни линкови (Backlinks)

Backlinks се линкови кон вашата веб-странa од други, надворешни веб-страни.
Кога друга веб-страна содржи линк кон вашата страна, тоа им сигнализира на пребарувачите дека вашата веб-страна е релевантна и важна. Ако имате висококвалитетни линкови од авторитетни и релевантни извори, тоа може да помогне во подобрување на авторитетот на вашата веб-страна и нејзино позиционирање на повисока позиција во резултатите од пребарувањето.

Брзината на отварање на веб-страниците

Со Вебстриан вашата веб-страна е оптимизирана за брзо вчитување, односно при изработката на веб-страната направена е оптимизација на сликите и минификација на код. Исто така, ние ја хостираме вашата веб-страна на квалитетен хостинг провајдер, кој нуди брза и стабилна мрежна инфраструктура која има значаен ефект врз брзината на вчитување на веб-страните.
Наша препорака е фотографиите кои дополнително ќе ги поставувате на вашата веб-страна да не бидат потешки од 150KB, со цел брзо вчитување на веб-страната и подобрување на корисничкото задоволство.

Мобилна верзија од веб-сајтот (Responsive design)

Во денешно време, многу корисници пребаруваат информации преку своите мобилни уреди. Затоа, вашата веб-страна треба да биде прилагодена за мобилни уреди. Ова ќе обезбеди подобро корисничко искуство за мобилните корисници и ќе им помогне на пребарувачите да ја рангираат вашата страница погоре во резултатите на пребарувањето.
Со Вебстриан при дизајнот на веб-страната вие добивате оптимизиран дизајн кој ќе овозможи автоматско приспособување на вашата веб-страна на различни големини на екранот. Ова гарантира добро искуство на корисниците независно од уредот што го користат. Мобилната оптимизација е важна не само од аспект на корисничкото искуство, туку и за SEO.

Авторитет на доменот (Domain Authority)

Авторитет на доменот (Domain Authority - DA) е метрика развиена од компанијата Moz, која се користи во SEO за да се оцени колку авторитет има еден домен на интернет. DA се претставува како број на скала од 1 до 100, каде што поголемиот број укажува на поголем авторитет.
Domain Authority се одредува преку алгоритам кој вклучува многу фактори, вклучувајќи го бројот на повратни линкови (backlinks), квалитетот на повратните линкови, релевантноста на содржината, социјалните сигнали и други фактори. Важно е да се забележи дека Domain Authority не е директно поврзан со рангирањето во пребарувањето од страна на Google или другите пребарувачи. Сепак, тоа е корисна метрика која помага во компарација на авторитетот на различни домени или веб-страни. Висок авторитет на доменот може да индицира на пребарувачите дека доменот или веб-страната е авторитетен извор на информации, што може да им помогне во рангирањето.
За подобрување на Domain Authority, некои совети вклучуваат создавање на квалитетна и релевантна содржина, изградба на квалитетни повратни линкови од релевантни и авторитетни извори, оптимизација на техничките аспекти на веб-страната и активност на социјалните медиуми.

Структура на веб-сајтот

Структурата на веб-сајтот има важна улога во SEO и е неопходна за индексирање и рангирање од страна на пребарувачите. Ова вклучува јасна хиерархија на страници, лесно достапни линкови, чисти URL адреси, стабилна навигација, заглавија и структурирани податоци, како и респонзивен дизајн. Клучно е вклучување на релевантни клучни зборови во наслови, URL адреси, мета-описи и содржина. Описот на страницата и мета-описот играат важна улога во привлекувањето на корисници да кликнат на вашиот линк и да го посетат вашиот сајт.
  • Опис на страница (Page Description): Описот на страница се однесува на краток текст кој го опишува содржината и целта на конкретната веб-страница. Овој опис обично се прикажува во резултатите од пребарувањето на пребарувачите. Описот на страницата треба да биде интригирачки и релевантен за корисниците, со цел да ги привлече да кликнат на вашиот линк и да го посетат вашиот сајт. Обично има ограничена должина, најчесто околу 150-160 знаци, што го прави важно да биде краток и концизен, но и да ги содржи најбитните информации.
  • Мета-опис (Meta Description): Мета-описот е HTML елемент кој го дефинира краткиот опис на содржината на веб-страницата. Не се прикажува на самиот сајт, туку во резултатите од пребарувањето на пребарувачите. Не постојат строги ограничувања за должината на мета-описот, но се препорачува да биде под 160 знаци за најдобри резултати.
  • Користење на заглавија (headings): Користете ги насловите (H1, H2, H3 итн.) на веб-страните за да ги означите важните делови од содржината. Ова им помага на пребарувачите да ги разберат и истакнат важните делови на веб-страната.
  • Јасни и читливи URL адреси: Користете разбирлива URL адреса за вашите веб-страници, што ја опишуваат содржината на веб-страницата.
Ова помага на пребарувачите да пронајдат и разберат содржината на вашиот сајт и може да подобри рангирањето во пребарувачите.
Со помош на Вебстриан, преку административниот панел, лесно можете да ги уредувате описот на страната, мета-описот и url-то на секоја страница во веб-сајтот. Исто така со елементот Наслов, ги означувате важноте делови од содржината како заглавија (H1, H2, H3).

Безбедност на веб-сајтот (HTTPS)

HTTPS (Hypertext Transfer Protocol Secure) е протокол за безбедна комуникација што се користи на интернет за заштита и безбедност на преносот на податоци помеѓу веб-прелистувачот на корисникот и серверот на веб-сајтот. Имплементацијата на https протоколот се врши со поставување на SSL (Secure Sockets Layer) сертификат на вашата веб-страна. SSL сертификат е дигитален сертификат кој го потврдува идентитетот на веб-сајтот и осигурува криптирана комуникација помеѓу прелистувачот и серверот. Присуството на HTTPS се означува со иконата на заклучок (затворен катанец) во веб-прелистувачот и претставува индикација дека веб-сајтот е заштитен и безбеден за користење.
Имајќи SSL сертификат и користејќи HTTPS протокол, вашиот веб-сајт се смета за безбеден и доверлив од страна на пребарувачите и корисниците, што им дава увереност дека нивните податоци се заштитени при комуникацијата со сајтот, што влијае позитино на вашето SEO.

Сигнали од социјалните мрежи

Сигналите од социјалните мрежи можат да имаат влијание на SEO (Search Engine Optimization), но тоа влијание е индиректно и не директно. Кога веб-сајтовите добиваат споделувања, лајкови и коментари на социјалните мрежи, тоа може да ги зголеми нивните шанси за добивање на повеќе посетители и повеќе врски од други веб-сајтови. Веб-сајтовите со поголем број на споделувања и интеракции на социјалните мрежи често имаат поголема видливост и може да бидат привлечени внимание на други влијателни сајтови што може да резултира во повеќе врски и подобрено рангирање. Споделувањето на содржина од вашиот веб-сајт на социјалните мрежи може да доведе до поголема промоција и изложеност на вашата марка, содржина и линкови. Иако сигналите од социјалните мрежи самите по себе не се директни фактори за рангирање, силната присутност и активност на социјалните мрежи може да имаат позитивен кумулативен ефект на SEO со помош на генерирање на авторитет, привлекување на врски и зголемување на промоцијата и изложеноста на вашиот веб-сајт.

Заклучок (ВАЖНО)

За добро SEO на еден веб-сајт, потребна е постојана работа. Има голем број на варијабли кои влијаат на SEO, како алгоритамите на пребарувачите, трендовите во интернет маркетингот, промените во корисничките навики и многу други. Сите овие елементи можат да влијаат врз рангирањето на веб-страниците во резултатите од пребарувачите. Кога станува збор за SEO оптимизација, конкуренцијата игра голема улога. Ако вашите конкуренти имаат висок ранг во пребарувачите, голем број на линкови, добра онлајн репутација и целосно оптимизирани веб-страни, тогаш постигнувањето на подобри SEO резултати бара постојан напор. За да се постигне долготраен успех на SEO оптимизацијата, важно е да се следат најдобрите практики, да се има континуирана оптимизација и ажурирање на веб-страниците, како и да се гради квалитетна и релевантна содржина За да се видат првичните резултати од SEO оптимизацијата, под услов дека е направена квалитетна SEO оптимизацијата, потребно е да поминат помеѓу 6 и 7 месеци од изработката на веб-страната.