social image

ИЗРАБОТКА НА ВЕБ-СТРАНИ ВО МАКЕДОНИЈА

СОВЕТИ ОД „А“ ДО „Ш“!

СÈ ШТО СТЕ САКАЛЕ ДА ЗНАЕТЕ,
А НЕ СТЕ ПРАШАЛЕ

Кога размислувате за дигитализација на вашиот бизнис и барате понуда за изработка на веб-страна, многу често компаниите знаат да ве „бомбардираат“ со технички поими кои знаат да бидат збунувачки: „ домен, хостинг, SEO-оптимизација, SSL-сертификат, URL-линкови...“
Дозволете ни да ви ги објасниме основите на секојa веб-страна, како таа функционира и кои се придобивките што ви ги нуди платформата на Вебстриан.

ШТО Е SEO?

Вашата веб-страна е бескорисна доколку вашите клиенти не можат да ја пронајдат на интернет, па затоа е важно да има добра SEO-оптимизација. SEO (Search Engine Optimization) или оптимизација за пребарувачи во основа значи добра препознатливост на веб-страната на одредени клучни зборови и нејзин висок рејтинг во приказот на резултатите од пребарувањето.

ШТО Е SEO ОПТИМИЗАЦИЈА И ЗОШТО Е ВАЖНА ЗА ВАШАТА ВЕБ-СТРАНА?

Истражувањата покажуваат дека најголемиот дел од купувачите прво бараат информации онлајн пред да донесат одлука за купување. Токму затоа SEO оптимизацијата е клучна – таа овозможува вашата веб-страна да се појави меѓу првите резултати на Google и другите пребарувачи. Со подобро рангирање добивате повеќе релевантни посетители и ја зајакнувате видливоста на вашиот бренд пред потенцијалните клиенти.
Дознајте како Вебстриан може да ви помогне за поголема видливост, повеќе посетители и повеќе продажби. 

НА ШТО ДА ВНИМАВАМ ПРИ ИЗРАБОТКА НА ВЕБ-СТРАНА?

1.

СО КАКОВ СОФТВЕР Е ИЗРАБОТЕНА

Софтверот е „срцето“ на секоја веб-страна и од него зависи дали вашата веб-страна ќе работи брзо и стабилно. Избегнувајте бесплатни open-source решенија и одберете платформа која редовно се одржува и надградува.  
2.

КОЈ ДА ЈА ИЗРАБОТИ - ЕДЕН ДРУГАР, ФРИЛЕНСЕР ИЛИ КОМПАНИЈА?

Евтиното решение често излегува најскапо. Пријателите и познаниците можеби ќе ви помогнат со „основен“ сајт, но ретко нудат стабилност и поддршка на долг рок. Фриленсерите се добра опција за помали буџети, но ако сакате професионална веб-страна, најдобро е да ангажирате компанија со искуство во изработка на веб-страни и нивна оптимизација.
3.

ВНИМАВАЈТЕ СО КОГО ЌЕ СОРАБОТУВАТЕ

Вашиот партнер треба да ве разбере вас и вашиот бренд, да ви понуди решенија прилагодени на вашите потреби и да обезбеди постојана техничка поддршка и хостинг. Долгорочната соработка со сериозен тим значи дека вашата веб-страна ќе расте заедно со вашиот бизнис.
4.

КАКО ЌЕ БИДЕ ОПТИМИЗИРАНА

 Секоја веб-страна мора да биде оптимизирана за пребарувачи (SEO) и да има прилагодлив/ респонсивен веб-дизајн кој изгледа одлично на сите уреди: мобилни телефони, таблети, десктоп компјутери. Без ова, ризикувате вашата веб-страна да нема добар рејтинг на Гугл и останатите пребарувачи. 
5.

БРЗИНА, БЕЗБЕДНОСТ И РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ

Вашите посетители немаат трпение за бавна веб-страна. Брзината на вчитување, безбедноста на податоците и редовното ажурирање на софтверот се клучни за доброто корисничко искуство и довербата кај клиентите.