social image

SEO оптимизација

Бидете пред конкуренцијата

Што е SEO и SEO-оптимизација?

За високо рангирана веб-страна во интернет пребарувачите

Што е SEO?

SEO е акроним од Search Engine Optimization или на македонски – оптимизација за пребарувачи. SEO-то во основа значи добра препознатливост на веб-сајтот на одредени клучни зборови. Односно дека на одредени клучни зборови, веб сајтот ќе има висок рејтинг во приказот на резултатите од пребарувањето.

Што е SEO-оптимизација?

Под поимот SEO-оптимизација се подразбира организирање на содржините во веб-страниците со цел тие да бидат полесно разбирливи за пребарувачите. За да излегува еден сајт на првата страница во резултатите од пребарувачите потребно е да има добро SEO.

Што добивате со Вестриан?

Вебстриан е паметна платформа изградена по сите SEO-правила за оптимизација: од оптимизирање на кодот, преку напредно HTML-форматирање, па сѐ до читливи URL-линкови и мета-описи. Тоа значи дека вашиот веб-сајт ќе ги има сите предуслови да биде високо позициониран во листата резултати на пребарувачите како Гугл.

SEO оптимизација
зошто е важна за вашата веб страна?

Колку пати вие сте пребарале некој производ или услуга онлајн? Истражувањата покажуваат дека 73% од вашите купувачи и клиенти пребаруваат онлајн.

Затоа SEO оптимизацијата е важна бидејќи со добро SEO вашата веб страна ќе биде меѓу првите резултати на интернет пребарувачите како Google, Bing и сл. Со подобро позиционирање на вашата веб страна се зголемува квантитетот и квалитетот на сообраќајот на и се зголемува присуството на вашиот бренд пред online публиката.

Ние сме тука и за да го креираме и оптимизираме целото ваше интернет-присуство, со креирање релевантна содржина, мета-описи и мета-клучни зборови за да му помогнеме на Гугл да го „листа“ вашиот веб-сајт уште на првата страна.

Прочитај повеќе

SEO фактори
за да бидете пред вашата конкуренција.

SEO рангирањето на еден сајт зависи од повеќе фактори. Овие фактори, со тек на времето, можат да претрпат измени и со тоа можат помалку или повеќе да влијаат на рангирањето на веб-сајтовите. Поради тоа треба постојано да се пратат трендовите кај SEO-то и препораките од интернет пребарувачите со цел да се задржи и подобри рангирањето на веб-сајтот.

Во моментов, најбитните фактори од кои зависи рангирањето на еден веб-сајт се следниве: високо квалитетни содржини, содржини кои одговараат на намерата на пребарување, клучни зборови во веб-сајтот, корисничкото искуство на веб-сајтот, повратни линкови (Backlinks), брзината на отварање на веб-страниците, мобилна верзија од веб-сајтот, авторитет на доменот (Domain Authority), структура на веб-сајтот, безбедност на веб-сајтот (HTTPS) и сигнали од социјалните мрежи

Прочитај повеќе

Квалитетна SEO оптимизација
за високо рангирана веб страна.

За добро SEO на еден веб-сајт, потребна е постојана работа. Има голем број на варијабли кои влијаат на SEO, како алгоритамите на пребарувачите, трендовите во интернет маркетингот, промените во корисничките навики и многу други. Сите овие елементи можат да влијаат врз рангирањето на веб-страниците во резултатите од пребарувачите. Кога станува збор за SEO оптимизација, конкуренцијата игра голема улога.

За да се постигне долготраен успех на SEO оптимизацијата, важно е да се следат најдобрите практики, да се има континуирана оптимизација и ажурирање на веб-страниците, како и да се гради квалитетна и релевантна содржина.

За да се видат првичните резултати од SEO оптимизацијата, под услов дека е направена квалитетна SEO оптимизацијата, потребно е да поминат помеѓу 6 и 7 месеци од изработката на веб-страната.

Прочитај повеќе

Веб страна со Вебстриан
за добра SEO оптимизација.

Вебстриан е паметна платформа изградена по сите SEO-правила за оптимизација: од оптимизирање на кодот, преку напредно HTML-форматирање, па сѐ до читливи URL-линкови и мета-описи. Тоа значи дека вашиот веб-сајт ќе ги има сите предуслови да биде високо позициониран во листата резултати на пребарувачите како Гугл.

Вебстриан ви дава можност сами да ja зголемите оптимизацијата за интернет-пребарувачите (SEO) на вашата веб-страна со додавање мета-клучни зборови на секоја страница, приспособени на содржината на вашиот веб-сајт. Со Вебстриан при дизајнот на веб-страната вие добивате оптимизиран дизајн кој ќе овозможи автоматско приспособување на вашата веб-страна на различни големини на екранот, а нашиот тим на искусни UX/UI дизајнери ќе се погрижат за корисничкото искуство на вашиот веб-сајт.

Побарајте понуда