SEO фактори
за да бидете пред вашата конкуренција.
SEO рангирањето на една веб-страна зависи од повеќе фактори. Овие фактори, со тек на времето, можат да претрпат измени и со тоа можат помалку или повеќе да влијаат на рангирањето на веб-страните. Поради тоа треба постојано да се пратат трендовите кај SEO-то и препораките од интернет пребарувачите со цел да се задржи и подобри рангирањето на веб-сајтот.
Во моментов, најважните фактори од кои зависи рангирањето на еден веб-сајт се следниве: високо квалитетни содржини, содржини кои одговараат на намерата на пребарување, клучни зборови во веб-сајтот, корисничкото искуство на веб-сајтот, повратни линкови (Backlinks), брзината на отварање на веб-страниците, мобилна верзија од веб-страната, авторитет на доменот (Domain Authority), структура на веб-страната, безбедност на веб-страната (HTTPS) и сигнали од социјалните мрежи.
Квалитетна SEO оптимизација
за високо рангирана веб страна.
За добро SEO на една веб-страна, потребна е постојана работа. Има голем број на варијабли кои влијаат на SEO, како алгоритамите на пребарувачите, трендовите во интернет маркетингот, промените во корисничките навики и многу други. Сите овие елементи можат да влијаат врз рангирањето на веб-страниците во резултатите од пребарувачите. Кога станува збор за SEO оптимизација, конкуренцијата игра голема улога.
За да се постигне долготраен успех на SEO оптимизацијата, важно е да се следат најдобрите практики, да се има континуирана оптимизација и ажурирање на веб-страната, како и да се гради квалитетна и релевантна содржина.
За да се видат првичните резултати од SEO оптимизацијата, под услов дека е направена квалитетна SEO оптимизација, потребно е да поминат помеѓу 6 и 7 месеци од изработката на веб-страната.
Веб страна со Вебстриан
за добра SEO оптимизација.
Вебстриан е паметна платформа изградена по сите SEO-правила за оптимизација: од оптимизирање на кодот, преку напредно HTML-форматирање, па сѐ до читливи URL-линкови и мета-описи. Тоа значи дека вашиот веб-сајт ќе ги има сите предуслови да биде високо позициониран во листата резултати на пребарувачите како Гугл.
Вебстриан ви дава можност сами да ja зголемите оптимизацијата за интернет-пребарувачите (SEO) на вашата веб-страна со додавање мета-клучни зборови на секоја страница, приспособени на содржината на вашиот веб-сајт. Со Вебстриан при дизајнот на веб-страната вие добивате оптимизиран дизајн кој ќе овозможи автоматско приспособување на вашата веб-страна на различни големини на екранот, а нашиот тим на искусни UX/UI дизајнери ќе се погрижат за корисничкото искуство на вашиот веб-сајт.